Кошаркарите на Црвена Звезда дојдоа до победа над Хапоел Тел Авив 87-75 во 26. коло во Евролигата. Вечерва во „пеколот“ во Белград „црвено-белите“ благодарение на импресивната последната четвртина која ја добија со 25-6, успеаја да дојдат до 16-тата победа.
Неверојатен пресврт направија домашните кошаркари кои во последниот период влегоа со -7 поени, и на крајот успеаја да слават убедлив триумф од 12 поени разлика.
Нвора беше најефикасен со 22 поени, додека Батлер постигна 17.
На претходните натпревари, Анадолу Ефес со 107-90 ја совлада Валенсија, додека Жалгирис со 104-87 беше подобар од Монако. Дубаи по продолжението го изненади Олимпијакос, и го совлада со 108-98.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

