Црвена Звезда ја продолжи победничката серија во Евролигата, славејќи на домашен терен над Дубаи со резултат 95-92, за четврта радост во низа на „црвено-белите“ во елитното европско натпреварување. По трите неверојатни гостински победи во низа со над 100 постигнати поени, Црвена Звезда тргна импресивно и во вечерашниот дуел, добивајќи ја првата четвртина со 34-14. Наместо продолжување во сличен ритам, во вториот период следеше голем камбек на Дубаи, гостите го добија овој дел од мечот со 10-27 и целосно се вратија резултатски.
Во третиот период се играше израмнето се додека на сцена не стапи Нвора, со чија серија домашниот тим повторно се одлепи резултатски. За разлика од вториот период, овојпат Црвена Звезда не им дозволи на гостите да се вратatт заслужено стигнувајќи до победата.
Центарот Изунду повторно беше одличен со 18 поени и 8 скокови, Нвора беше најефикасен со 22 поени, додека Милер Мекинтаер го заврши дуелот со 16 поени и 7 асистенции.
Монако беше шокиран на домашен терен откако Виртус Болоња стигна до голема победа и покрај неиграњето на неколку првотимци предводени од Карсен Едвардс, со резултат 82-84. Болоња имаше плус 11 во последната четвртина, но Монако се врати и во последната минута поведе преку Мајк Џејмс. Истиот кошаркар потоа промаши тројка со која сакаше да стави печат на победата на Монако, по што казната стигна преку Вилдоза, кој со тројка донесе огромна радост на италијанскиот тим во „малото кнежевство“.
Алстон ги предводеше стрелците на победничкиот тим со 19 поени, 13 поени постигна Вилдоза, додека прв стрелец на Монако беше Мајк Џејмс со 17 поени и 9 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

