Црвена Звезда со нови договори за двајца кошаркари

Раководството на Црвена Звезда ги повлече првите конкретни чекори за формирање на ростерот за наредната сезона, откако „црвено-белите“ договорија продолжување на соработката со двајца кошаркари. Станува збор за Лука Митровиќ и за Огњен Добриќ, со кои според српските медиуми веќе се договорени сите детали околу новите договори и се чека само клупското соопштение за официјалното продолжување на соработката.

Овие двајца кошаркари имаат значајна улога во тимот на Црвена Звезда во последните сезони, и годинава тренерот Ивановиќ сериозно сметаше на нивните услуги, па челниците на АБА-шампионот со овие потписи се погрижија тие да останат во црвено-белиот дрес уште најмалку една сезона.

Многу посериозен проблем „црвено-белите“ ќе имаат да ги задржат најдобрите странски кошаркари, Факундо Кампацо се наоѓа пред потпис со Реал Мадрид, додека за услугите на Вилдоза се интересираат Панатинаикос и Анадолу Ефес.

Се вчитува...