Црвена Звезда денеска официјализираше нов трансфер, потпишувајќи договор со Американецот Џавонт Смарт. Станува збор за 24-годишен кошаркар кој настапува на плејмејкерската позиција, а го краси и беспрекорен шут од далечина. Вицешампионот на АБА-лигата беше принуден на реакција на пазарот по повредите на Топиќ и на Недовиќ, по што беа интензивирани разговорите со Смарт, за на крајот да биде потпишан договор со овој кошаркар.
Тој беше избран на НБА-драфтот во 2021 година, но најсилната лига беше дел од Мајами, Милвоки и Филаделфија, но севкупно одигра само 18 средби во НБА-лигата. Сезонава настапи на само еден натпревар во дресот на Филаделфија, потоа беше преселен во развојниот тим на овој НБА-клуб. Минатиот месец Смарт го одигра еден од најдобрите мечеви во кариерата, откако на гостувањето против развојниот тим на Торонто репторс постигна 40 поени (10/14 шут за тројка).
Смарт во следните денови ќе му се стави на располагање на тренерот Сферопулос, а се очекува своето деби во црвено-белиот дрес да го има на наредниот меч од Евролигата, против шпанска Басконија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА