Српскиот репрезентативец Филип Петрушев се врати во редовите на Црвена Звезда изминатата недела, но се уште го чека првиот настап за „црвено-белите“ од Белград во сезоната.
Тој беше предоцна регистриран за настап против Реал Мадрид, а го попушти и гостувањето кај Задар во АБА лигата. Но, добри вести стигаат за белграѓани пред двојното коло во Евролигата бидејќи тој ќе биде дел од составот.
Дваесетичетиригодишникот ќе патува за Каунас и ќе биде дел од натпреварот против Жалгирис кој е закажан за во среда од 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА