Црвена Звезда во битката за директен пласман во четвртфиналето во Евролигата ја очекува тежок натпревар против Баерн Минхен во Германија, а пред истиот навивачите на „црвено-белите“ добија добри вести.
Дел од тимот ќе биде Филип Петрушев, одличниот крилен центар кој оваа сезона е еден од лидерите на тимот на Јанис Сферопулос.
Постоеше неизвесност дека Петрушев ќе ја пропушти денешната средба поради болест, и покрај тоа што отпатува со составот во Германија, но по новите прегледи, медицинските лица во клубот дале „зелено светло“ за настап на кошаркарот кој бележи просек од 13.8 поени и 5.о скокови на 21 одигран натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА