Црвена Звезда со шесто засилување летово, уште еден Нигериец со потпис за „црвено-белите“

Црвена Звезда продолжува со екипирањето за наредната сезона, а сосема изненадувачки поранешниот АБА-првак се решава за интензивен шопинг на нигериски кошаркари.

Имено, „црвено-белите“ денеска го комплетираа трансферот на Џордан Нвора од Анадолу Ефес, вкупно шесто засилување на Црвено Звезда летово, дури четврто со потекло од Нигерија (по Изунду, Оџелеј и Чима Монеке). Нвора е играч кој настапува на позициите два и три, кошаркар со богато НБА-искуство чиј најголем успех е титулата со Милвоки бакс во 2021 година.

Tој минатата сезона за првпат беше дел од Евролигата, но не добиваше преголема минутажа во Ефес, во просек бележејќи по 7,6 поени и 3,3 скокови на средбите од елитното европско натпреварување.

Покрај четирите нигериски кошаркари, Црвена Звезда досега ги потпиша и младиот српски талент Стефан Миљеновиќ, како и Американецот Тајсон Картер од Уникаха.

Се вчитува...