Црвена звезда со стил до прва победа во историјата на гостување кај Анадолу Ефес

Koшаркарите на Црвена звезда стигнаа до првата победа во историјата на Евролигата на гостување во Турција кај Анадолу Ефес откако вечерва стигнаа до убедлив триумф од 65-87 во меч од 19. коло од елитното натпреварување.

Белграѓани тргнаа фуриозно уште од самиот старт и веќе на полувреме имаа огромно предност од 25-43. До крајот избраниците на Саша Обрадовиќ само рутински го приведоа мечот за конечен триумф од 65-87.

Нвора со 24 поени беше најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Вејлер-Баб постигна 17 поени.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...