Црвена звезда славеше рутинирана победа на гостувањето против ФМП со резултат од 100-77, и ја презеде првата позиција на табелата во јадранското натпреварување. „Црвено-белите“ ги искористија двата последователни порази на Будуќност и со вкупно 16. победа ќе биде на чело на АБА на само три кола до крајот на регуларниот дел од сезоната.
Бранителот на титулата на Јадранот уште од стартот на средбата ја презеде контролата и без поголеми проблеми го приведе мечот кон мирен крај. Кошаркарите на Душан Алимпијевиќ имаа мал пад во играта во вториот период, но со фуриозниот старт во второто полувреме ги обезбеди посакуваните бодови.
Фелдин и Омиќ беа најефикасните кошаркари за Црвена звезда со 19 поени, односно 12 поени, додека Бјелица и Добриќ додадоа по 11 поени. Од редовите на ФМП Филип Човиќ имаше одлична партија постигнувајќи 19 поени и импресивни 5/6 погодени тројки. Оџо и Ненадиќ завршија со по 10 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА