Kошаркарите на Црвена Звезда со убедлива победа од 94-73 над францускиот вицешампион Асвел Вилербан ја стартуваа новата сезона во Евролигата.
На дуелот во Белград „црвено-белите“ без никаков проблем славеа против тимот, кој и минатата сезона го победија во два наврати.
Уште од првата четвртина Црвена Звезда, добивајќи ја со 29-18, покажа дека цврсто оди кон победата. Се понатака во мечот беше рутина.
Најефикасен во победничкиот тим беше Американецот Шабаз Напие со 21 поен, а Литванецот Гедраитис постигна 17 поени. Кај Французите се издвои Лаверњ со 18 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА