Црвена Звезда со важен потпис за оваа сезона

Партизан го тресе огромна криза на резултатски и на организациски план, а истовремено Црвена Звезда има сезона за паметење во Евролигата.

Управата на „црвено-белите“ денеска заврши уште една важна работа, успевајќи да го задржи во своите редови Донатас Мотеијунас. Литванецот пристигна во периодот кога Звезда имаше криза на центарската позиција, доаѓајќи на позајмица од Монако со потпис до крајот на оваа календарска година.

Тој неочекувано се наметна со одличните изданија, стана важен играч во ротацијата на тренерот Обрадовиќ, па управата на Црвена Звезда стартуваше нови преговори – овојпат за негово останување во клубот. Преговори што и официјално вродија со плод откако тој денеска потпиша договор со важност до крајот на сезоната.

Се вчитува...