И покрај тоа што се надеваше дека ќе направи изненадување на гостувањето кај Интер, српскиот шампион Црвена Звезда не можеше да се носи со далеку поквалитетниот противник. Тренерот на домашните Симоне Инзаги се реши на клупа да ги остави и Турам и Лаутаро Мартинез, но тоа не беше проблем да се дојде до убедлив триумф од 4-0 на крајот.
Чалханоглу во 11. минута од средбата донесе предност за Интер. Турчинот од слободен удар прекрасно погоди во мрежата на Глазер и донесе водство. Не беше ниту Црвена Звезда без шанси, најсериозната ја имаше Силас, но откако не погоди, следуваше казна. Марко Арнаутовиќ во 59. минута успеа да ја зголеми предност после една катастрофална грешка на одбраната на српскиот тим. Влезе во игра и Лаутаро, кој во 71. минута со трет гол го поведе тимот кон првиот триумф во Лигата на шампионите.
Асистентот на вториот и третиот гол, Тареми самиот од пенал во 81. минута од средбата го зголеми резултатот и на 4-0.
Единствениот нерешен резултат вечерва се случи во Ајндховен, каде што ПСВ и Спортинг играа 1-1. Шоутен во 15. минута од средбата донесе предност за ПСВ, а Браганка во 84. минута успеа да израмни и да му донесе на португалскиот тим еден бод.
ЛШ, 2. КОЛО
САЛЦБУРГ – БРЕСТ 0-4
ШТУТГАРТ – СПАРТА ПРАГА 1-1
АРСЕНАЛ – ПСЖ 2-0
БАРСЕЛОНА – ЈАНГ БОЈС 5-0
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – МИЛАН 1-0
БОРУСИЈА Д. – СЕЛТИК 7-1
ИНТЕР – Ц.ЗВЕЗДА 4-0
ПСВ – СПОРТИНГ 1-1
СЛОВАН БРАТИСЛАВА – МАНЧЕСТЕР СИТИ 0-4
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА