После минималната победа над Виртус на домашен терен, Црвена Звезда се врати на поразите во Евролигата, откако вечерва загубија од Париз со 102-92. Лошата игра во одбрана на „црвено-белите“ придонесе за овој пораз и за толку многу примени поени. Со оваа победа, Париз, пак, ја прекина серијата од шест меча со порази, со која се најде дури на 17. место.
„Црвено-белите“ парираа само во вториот период, но клучна беше третата четвртина која Париз ја добија со дури 16 разлика (28-12), по што веќе немаше враќање за избраниците на Саша Обрадовиќ.
Залудни беа 31 поен на Батлер од Црвена Звезда и одличната партија на Монеке кој постигна 17 поени и 10 скока. Робинсон кај Париз со 16 поени беше најефикасен поединец.
Претходно Валенсија ја совлада Басконија со 91-81.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

