Црвена Звезда се рехабилитираше од поразот во првото коло од Евролигата откако на гостински терен против Макаби славеше со 63-75. Белграѓани беа подобриот противник уште од самото отварање на натпреварот, а добро темпо продолжи до самиот крај.
Никола Калиниќ беше првото име во српскиот состав со 19 поени, 5 скока и 5 асистенции. Волтерс додаде 17 поени и 4 асистенции. За домаќините Вилбекин постигна 18 поени и 3 асистенции, а Лесор натпреварот го заврши со 14 поени и 4 скока.
Зенит стигна до втората победа во Евролигата откако на гостински терен во Литванија славеше против Жалгирис со 64-70. Џоран Лојд беше предводникот на рускиот состав со 19 поени, додека него го следеше Барон со 11 постигнати поени. Кај домаќините Стрелниекс броеше до 14 поени, а Ловерн додаде 10 поени и 4 скока.
.@zenitbasket comes away from Round Two with a dub on the road #EveryGameMatters
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) October 7, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

