Екипата на Црвена Звезда го доби спорот пред ФИФА против тимот на Ал Феиха од Саудиска Арабија околу трансферот Милан Павков. Српскиот напаѓач потпиша договор со саудискиот тим, но Звезда не ја доби отштетата во договорениот рок.
Поради тоа, српскиот првак и учесник во групната фаза во Лигата на шампионите, беше принудена да тужи во ФИФА. На крајот од октомври, „црвено-белите“ бараат наплата на пенали во износ од 105.270 долари, од што 100.000 долари казна, 5260 долари камати, како и 10 долари колку што недостасувале до 800.000 долари, колку што изнесувал целиот трансфер. Инаку Звезда на 29. септември доби 799.990 долари, и недостасувале уште 10, поради кои сега добро ќе заработи од Саудијците.
ФИФА судијата Лоа Алвеш од Франција ја донесе одлуката, и затоа Ал Феиха мора да му плати на српскиот тим дополнителни 105.270 долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА