Црвена Звезда убедлива над Лион, Жалгирис подобар од Виртус Болоња

Црвена Звезда дојде до петтиот триумф во Евролигата, откако на домашен терен во Белград го совлада составот на Лион Вилербан со 79-65. Победата на „црвено-белите“ ќе беше победлива, ако немаше опуштање во последниот период, кога победникот веќе беше решен.

Монеке беше незапирлив кај Звезда, и постигна 24 поени, со 7 скока и три асистенции. За доминацијата на Монеке покажува и податокот дека вториот стрелец на Црвена Звезда постигна 11 поени.

Во вториот меч во Каунас, Жалгирис славеше над Виртус Болоња убедлива победа од 86-65. Литванскиот тим доминираше во ткеот на целиот меч и на крајот заслужено дојде до триумф, благодарение на Франциско кој уфрли 23 поени кај победничкиот тим.

Се вчитува...