Црвена Звезда убедливо ја победи Валенсија во белградскиот „пекол“

Кошаркарите на Црвена Звезда ја забележаа 10-тата победа во Евролигата, откако на свој терен во преполната арена во Белград, ја совладаа шпанска Валенсија со 82-64, која го запиша 12-тиот пораз.

Звезда со тоа се врати на победничките патеки после два последователни порази, а Валенсија поразена после две победи во низа.

Валенсија добро се држеше само во првата четвртина, а потоа „блесок“ на српскиот тим во вторта четвртина за да замине на полувреме со девет поени разлика, кои во вториот дел само ги зголемуваше за конечна радост во Белград. Немања Недовиќ постигна невројатни 27 поени.

Фенербахче славеше победа на гостувањето во Франција кај Асвел. Турскиот тим немаше добро прво полувреме, на пауза замина со негатива од три поени, но успеа да ги надомести во третиот период кој го доби со 14-28. На крајот Фенербахче славеше со 83-73.

Сигурен на свој терен беше Олимпијакос, кој го совлада Алба Берлин со 101-87. „Црвено-белите“ клучната разлика ја направија во третиот период, кој го добија со 33-13, и така се стекнаа со недостижна предност пред финалната четвртина.

Се вчитува...