После поразот од Армани на домашен терен на почетокот на Евролигата, Црвена Звезда влече неочекуван потег. Ќе враќа кошаркар кого го избрка во текот на летото, и му соопшти дека нема да смета на него.
Станува збор за бразилскиот интернационалец Јаго дос Сантос. Според информациите од Србија, „црвено-белите“ размислуваат одново да го ангажираат Бразилецот, кој и натаму е без ангажман.
Сепак, не е познато како ќе реагира самиот играч, затоа што беше „пречкртан“ и не помина низ подготвителниот период.
Причина за разгледување на оваа опција е повредата на Хасиел Ривеира, кој потенцијално би можел да отсуствува подолго време, ако се воспостави дека има фрактура. Тој се повреди вчера на мечот со Армани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

