Црвена Звезда се уште има теоретски шанси да се пласира во плеј-инот на Евролигата, но за тоа на „црвено-белите“ им е потребна серија на победи која мора да започне уште против престојниот натпревар против фаворизниот Панатинаикос во првиот меч од двојното коло.
Но, за триумф против атинскиот гигант тренерот Јоанис Сферопулос ќе мора да најде „џокер“ во ракавот бидејќи големи се шансите дека Црвена Звезда на овој натпревар ќе биде без услугите на четири плејмејкери што грчкиот стратег ги има во тимот. Јаго Дос Сантос се повреди на последниот меч од Евролигата со Макаби, Теодосиќ влече незгодна повреда, а за утрешниот меч за „црвено-белите“ нема да можат да настапат ниту Никола Топиќ и Бранко Лазиќ, ветеранот кој по потреба знаеше да помогне на плејмејкерската позиција во минатото.
„Не знам кој ќе биде во тимот за следниот натпревар. Засега може да сметаме на само единаесет кошаркари, немаме многу опции“, изјави Гркот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА