Црвена звезда во криза во АБА, пораз од Цедевита, следен е МЗТ Скопје

Кошаркарите на Црвена звезда претрпеа уште еден пораз во рамките од АБА-лигата, па по неуспехот на домашен терен со Будуќност вечерва загубија на гостувањето во Загреб против Цедевита (79-74). Перо Антиќ и соиграчите одиграа максимално неизвесен дуел, на една минута до крајот имаа и минимална предност, но хрватскиот првак сепак успеа да го земе скалпот на актуелниот првак.

По три четвртини резултатот гласеше 63-61, но потоа и двата тима заиграа поцврсто во одбраната. Цедевита во првите шест минути од четвртиот период постигна само два поени, но Црвена звезда не успеа да се одлепи. На Антиќ му беше досудена намерна лична грешка по која хрватскиот тим го презеде водството, но „црвено-белите“ собраа сили и се вратија во мечот преку Рочести. На една минута пред крајот Црвена звезда водеше со 71-72, но следеа низа прецизно изведени слободни фрлања на Цедевита со кои домашниот тим стигна до голема победа, изразена со конечни 79-74

Перо Антиќ го заврши мечот со 11 поени и шест скокови, а најефикасен кај Црвена звезда беше Рочести со 18 поени. Најзаслужни за победата над шампионот во таборот на Цедевита беа Муса со 17 и Марфи со 14 поени.

По двата порази во низа, јасно е дека Црвена звезда ќе мора што поскоро да се консолидира во АБА-лигата, а во следното коло „црвено-белите“ во Белград ќе го пречекаат македонскиот шампион Црвена звезда.

Се вчитува...