Црвена Звезда вечерва му гостува на Реал Мадрид во новата рунда од Евролигата, уште еден меч на кој „црвено-белите“ по трите порази во низа ќе ја имаат улогата на аутсајдери во елитното европско натпреварување.
Српските медиуми во пресрет на дуелот носталгично се присетуваат на декември 2017 година, кога „црвено-белите“ исто така отпатуваа како аутсајдери, но на крајот славеа голема победа за која најзаслужен беше Перо Антиќ.
Одличниот македонски кошаркар (за жал, истото не може да се каже и за претседател на федерацијата) тогаш блесна кога беше најважно, најпрвин во одбраната го запре Лука Дончиќ, а потоа на спротивната страна одлично го финтираше Рејес и постигна тројка за голема победа на Црвена Звезда среде Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА