Двојното коло во Евролигата донесе два натпревари за Црвена Звезда во Шпанија. „Црвено-белите“ го загубија првиот натпревар против Валенсија, а денеска од 20 часот и 30 минути ги очекува гостување кај доскорешниот тренер Душко Ивановиќ и Басконија и тоа со сериозен проблем во ростерот.
Дел од истиот нема да биде Шабаз Нејпир, откриваат српските медиуми. 32-годишникот се мачи со повреда стекната на средбата против Валенсија на која се пожали во првото полувреме, а и покрај тоа што „стисна заби“ и го одигра целиот натпревар денеска падна од конкуренција за настап поради болки.
Сериозноста на повредата и дали големото летно засилување на беглрадскиот гигант ќе отстуства од теренот на подолги стази засега останува непознато.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА