Кошаркарите на Црвена звезда стигнаа до голема победа на гостувањето кај Монако по продолженија со 96-100 во натпревар од 23. коло од новата сезона во кошаркарската Евролига.
Двете екипи одиграа еден израмнет натпревар во кој домаќините во финишот на регуларниот дел имаа позитива од седум поени 90-83, но гостите со фуриозна завршница успеаја да израмнат 90-90 и да го одведат мечот во продолженија. Таму избраниците на Саша Обрадовиќ беа многу подобар противник за конечен триумф од 96-100. Изунду со 22 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Диало постигна 17 поени.
Претходно денеска Олимпијакос ја оправда фаворитската улога против Макаби Тел Авив славејќи со 100-93, додека Хапоел Тел Авив беше подобар од Анадолу Ефес со 71-66.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

