Шампионот на АБа лигата во рок од 48 часа се раздели со уште двајца важни кошаркари. Трансферот на Стефан Јовиќ во Баерн од Минхен го потврдија вчера, а денес претседателот на Звезда, Небојша Човиќ изјави дека Фенербахче го договори Марко Гудуриќ.
Човиќ го потврди трансферот на Гудуриќ утринава, Фенербахче ќе исплати обештетување од еден милион евра, Звезда ќе добие уште 20% од наредна продажба.
„Договорот е реализиран, Фенербахче ќе исплати еден милион евра, а Звезда ќе има 20% заработка од кога евентуално ќе го напушти турскиот клуб. Голем број играчи го напуштија клубот ова лето, што беше наш план. Сега сме во процес на формирање нова екипа со кој ќе атакуваме на сите три трофеи“, истакна Човиќ.
Стефан Јовиќ во наредните две години ќе го носи дресот на Баерн Минхен, а ќе биде под водство на неговиот селектор од репрезентацијата, Александар Ѓорѓевиќ. Зa 26-годишниот плејмејкер „Баварците“ исплатија 1.4 милиони евра. Иако за него се интересираа и Панатинаикос, Барселона и Макаби, Јовиќ се одлучи Баерн.
Германскиот клуб денеска исто така потврди ангажман на уште еден српски репрезентативец, во редовите се приклучува Милан Мачван.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА