Црвена Звезда за три минути го „реши“ лутиот ривал Партизан

Црвена Звезда го доби големото српско дерби во 31. коло од Моцарт бет лигата славејќи по пресврт над Партизан со 2-1 во драматичен натпревар.

Паризан беше оној кој прв поведе преку Калулу во 39. минута, а предноста „црно-белите“ ја одржуваа се до 84. минута кога Максимовиќ изедначи на 1-1 од белата точка. Само три минути подоцна мрежата ја затресе и Дуарте за голем пресврт.

 

Се вчитува...