Асвел славеше над Црвена Звезда со 69-67 по лавовска битка во рамките од 21. коло од Евролигата. „Црвено-белите“ имаат за што да жалат, пред се поради одличното прво полувреме во кое имаа и двоцифрена предност пред се благодарение на одличната одбрана, која му дозволи на Асвел само 25 поени за 20 минути игра.
Францускиот тим сепак се разбуди во второто полувреме, предводен од Џонс лесно го наоѓаше патот до рекетот и поентираше, на крајот стигнувајќи до минимален триумф. Црвена Звезда имаше шут за победа, но тројката на Добриќ не беше прецизна, по што шампионот на АБА-лигата го претрпе и третиот пораз во низа во елитното европско натпреварување.
Џонс и Лакомб со по 17 поени ги предводеа стрелците за Асвел, додека Добриќ со 20 поени беше најефикасен во таборот на „црвено-белите“.
Баерн Минхен како гостин славеше во Шпанија над Басконија со резултат 77-84. Како пресудна се покажа втората четвртина што гостите од Германија ја добија со 16-26, стигнувајќи до предност што знаеја како да ја задржат до самиот крај. Триото Хантер – Рубит – Волден постигна по 17 поени за победничкиот тим, додека Болдвин постигна 23 поени за Басконија на мечот против неговиот поранешен клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА