Црвена Звезда засилена на „гостувањето“ кај Макаби?

Новото евролигашко коло за Црвена Звезда носи „гостување“, но само до салата „Пионир“ во Белград за средбата против израелскиот претставник Макаби Тел Авив.

А, голема е веројатноста дека на овој натпревар тренерот Јанис Сферопулос ќе може да смета на услугите на искусниот српски кошаркар Немања Недовиќ кој ги пропушти натпреварите со Монако и Фенербахче.

Доскорешниот репрезентативец на Србија се рехабилитираше од повредата стекната во АБА лигата. Веќе тренирал со првиот тим, а конечната одлука дали ќе настапи на натпреварот кој е закажан со почеток од 20:05 во четврток ќе биде донесена во текот на утрешниот ден.

Се вчитува...