Фудбалерите на Црвена Звезда осми пат по ред станаа шампиони на Србија, откако денеска на мечот со ОФК Белград им беше потребен само бод, но тие ги освоија сите три, победувајќи со 3-1.
Ова беше 36-та титула во историјата за „црвено-белите“, вклучувајќи ги и оние во поранешна Југославија. Денеска против ОФК само 11 минути им беше потребно да дојдат до победата, откако поведоа со 3-0 со головите на Максимовиќ, Катаи и Ндаје. ОФК само успеа да намали во вториот дел.
Идната сезона српскиот првак одново ќе ја претставува државата во квалификациите во Лигата на шампионите. Оваа сезона „црвено-белите“ веќе играа во групната фаза, но не успеаја да се изборат во плеј-офот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА