Црвена Звезда завиена во црно: Почина човекот кој ги откри Станковиќ, Јанковиќ, Пантелиќ, Јовиќ…

Фудбалскиот клуб Црвена Звезда ја информира јавноста дека на 84-годишна возраст почина познатиот фудбалер и легендарен тренер на Фудбалската академија на клубот – Томислав Тома Милиќевиќ.

Роден е на 21 септември 1940 година. Осум сезони како играч помина во Звезда, од 1960 година, кога во Белград пристигна од Напредек од Крушевац, до 1968 година. По завршувањето на играњето, Тома Милиќевиќ ја започна својата тренерска кариера. Стана познат „ловец на таленти“ и легендарен тренер на помладите категории на Црвена звезда. 

„Тој ги научи фудбалерите на добро однесување, манири, како и џентлменство и вистинско витештво, што беше клучно за формирањето на познатите генерации на нашиот клуб, кои имаа привилегија да соработуваат со голем стратег“, истакнуваат од белградска „Маракана“.

Беа скаутирани бројни легенди на Звезда, а потоа тренираа под палката на Тома Милиќевиќ, меѓу кои и актуелниот шеф на црвено-белиот стручен штаб – Владан Милојевиќ, но и асови како Дејан Станковиќ, Бошко Јанковиќ, Марко Пантелиќ, Горан Друлиќ, Никола Лазетиќ, Душан Баста, Марко Грујиќ, Лука Јовиќ, Страхиња Ераковиќ.

Се вчитува...