„Црвената фурија“ има зошто да се плаши од капитенот на Хрватска, Модриќ уште еднаш ја покажа својата класа (ВИДЕО)

Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрватска е брилијантен, а навивачите на „коцкестите“ се особено среќни за супер формата во која се наоѓа Лука Модриќ. Фудбалерот на Реал Мадрид донесе победа против Шкотска на „Хeмпден парк“, а сега Хрватите ги чека дуел со Шпанија.

Спортската јавност на Хрватска се надева на нова мајсторија од „волшебникот кој го носи дресот на „Кралевите“. Хрватскиот фудбалски сојуз на својата „Фејсбук“ страница објави видео од тренингот и одличниот погодок на Модриќ.

Лука постигна совршен гол, изведе перфектен шут, па голманот немаше шанса да го одбрани милиметарски прецизниот удар.

Хрватска денеска од 18 часот против Шпанија го игра натпреварот од осминафиналето на Европското првенство. Франција и Швајцарија ќе играат вечерва од 21 часот.

 

Се вчитува...