„Црвените ѓаволи“ дрмаат: И лидерот Арсенал на колена пред Јунајтед (ВИДЕО)

По големата победа над Манчестер сити во претходното коло, Манчестер јунајтед триумфираше со 2-3 и на гостувањето против Арсенал во 23. коло од Премиерлигата.

Во извонредно драматичен меч, Јунајтед до победата дојде со голот на Бразилецот Матеус Куња во 87. минута од средбата.

Претходно, Арсенал поведе со 1-0 со автоголот на Мартинез во 29. минута, но пред полувремето Јунајтед израмни со голот на Мбуено.

Во второто полувреме, Доргу повторно во 51. минута донесе предност за Јунајтед, но Мерино израмни во 84. минута. И во драматична завршница, Куња ја донесе на крај победата за „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...