Иднината на Кристијано Роналдо во тимот на Јувентус и понатаму е неизвесна. Португалецот има уште една година од својот договор, но шпекулациите се засилуваат дека ќе си замине од „Старата дама“. Роналдо е фудбалер каков што секој тим и тренер го посакува во своите редови, но проблем е неговата плата од 31 милион евра по сезона.
Наводно, Манчестер јунајтед е во постојан контакт со агентите на Роналдо и сака да го врати на „Олд Трафорд“ по цели 12 години. Португалецот од 2003 до 2009 година играше за „црвените ѓаволи“.
Премиерлигашот е подготвен да му понуди двегодишен договор со плата од неверојатни 22 милиони фунти по сезона на ветеранот. Кристијано има 36 години, но и натаму игра на високо ниво, па затоа Манчестер јунајтед сака да го врати во своите редови и да го спои со Бруно Фернандеш, Единсон Кавани и Маркус Рашфорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА