Манчестер Јунајтед по подобро изведување на пенали триумфираше над Милан во последниот натпревар од „Меѓународниот Куп на Шампиони“, откако овој интересен меч по 90 минути игра заврши без победник, 2-2.
„Ѓаволите“ први поведоа преку Рашфорд, но Милан направи целосен пресврт и дојде до водство со погодоците на Сусо (по големата грешка на Матиќ) и на Кастилјехо. Англискиот гигант притисна до крајот и успеа да стигне до израмнување преку Џеси Лингард.
Во пенал-рулетот се редеа погодоци се до петтата серија, кога својот удар го промаши Даниел Малдини, синот на легендата на „росонерите“, Паоло Малдини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА