„Црвените-ѓаволи“ со три „парчиња“ го почастија Нотингем Форест (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер јунајтед славеа над Нотингем Форест со 3-0 во последниот натпревар од денешната програма во првото коло по паузата поради Светското првенство во Катар во англиската Премиер-лига.

„Црвените-ѓаволи“ поведоа со 1-0 по одличната акција од корнерот изведен од Кристијан Ериксен која беше крунисана со резантниот погодок на Маркус Рашфорд во 19. минута. На 2-0 зголеми Ентони Марсијал три минути подоцна.

За издвојување е и поништениот погодок на гостите поради игра со рака на Боли во 41. минута. Во второто полувреме конечните 3-0 ги постави Фред во 87. минута.

Manchester United [1] – 0 Nottingham Forest – Marcus Rashford 19′ from soccer

 

Manchester United [2] – 0 Nottingham Forest – Anthony Martial 22′ from soccer

Manchester United [3] – 0 Nottingham Forest – Fred 87′ from soccer

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...