Манчестер јунајтед ја оправда фаворитската улога на гостувањето против Вулверхемптон триумфирајќи со 3-4 во 22. коло од Премиерлигата, во повеќе од драматичен натпревар во кој тимот од Манчестер можеше да остане со „празни раце“.
„Црвените-ѓаволи“ поведоа уште во 5. минута со мајсторскиот погодок на Маркус Рашфорд.
На 0-2 зголеми Хојлунд веќе во 22. минута од средбата.
Во второто полувреме Сарабија во 71. минута намали на 1-2, но МекТоминеј во 75.минута донесе 1-3 за Манчестер јунајтед.
Кога се чинеше дека гостите лесно ќе го приведат мечот до крај, „волците“ со два гола, на Килман во 85. минута и на Нето во 95. минута дојдоа до 3-3. Но, Јунајтед со голот на 18-годишниот Коби Мејну во 97. минута успеа да ја врати предноста за конечна победа од 3-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА