„Црвено-бела“ доминација: Црвена Звезда со шеста титула по ред во Србија

Со победата над ТСЦ Бачка Топола, Црвена Звезда и математички ја обезбеди титулата во првенството во Србија. Звезда триумфираше со 4-1 над вторпласираниот тим на табелата, и така стана недостижен на највисокото место на пиедесталот.

Тимот од белградска Маракана доминира во последните години во српскиот фудбал, а тимот играше во групната фаза и во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа во изминатите сезони, и го презентираше фудбалот во Србија со успех. Поради нивниот успех и успехот на Партизан, Србија доби уште едно место во квалификациите во Лигата на шампионите, додека Звезда ќе игра во групната фаза.

Сега останува за второто да се борат неколку екипи, меѓу кои ТСЦ, Чукарички, Партизан и Војводина. Во моментов Чукарички и ТСЦ имаат по 62 бода, додека Партизан 57.

Се вчитува...