„Црвено-бела рапсодија“ – Звезда со кошаркарска лекција за Панатинаикос

Кошаркарите на Црвена звезда продолжуваат со одличните партии во новата сезона во Евролигата, откако вечерва во првиот меч од 9. коло од елитата на домашен терен славеше против Панатинаикос со 86-68.

„Црвено-белите“ одиграа неверојатни триесет минути по кои имаа убедлива предност од дваесет и седум поени 67-40. Во последниот период Грците успеаја само да ја намалат негативата за конечни 86-68.

Коди Милер Мекентаер со 14 поени, девет асистенции и седум скока беше убедливо најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Костас Слукас заврши со 16 поени.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...