Дојде крајот на двогодишната доминација на Веспрем во СЕХА-лигата, откако ракометарите на Вардар вечерва му одржаа лекција на унгарскиот ракометен Џин. Пред две години Веспрем делуваше „недопирливо“, лани „вардарци“ самите се победија со деконцентрација во финишот, но денеска беше денот за израмнување на сметките.
Македонскиот првак не само што го победи големиот ривал, туку и тоа го стори со стил, покажувајќи и моќ и карактер, како најава за почеток на нова доминација во СЕХА, овојпат на скопските „црвено-црни“, кои веќе се најтрофеен клуб во историјата на регионалното натпреварување.
[new_royalslider id=”591″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА