Познат е составот на РК Вардар вечерва за дуелот со ППД Загрев во Лигата на шампионите. Важен дуел за „црвено-црните“ ако сака да ги задржи шансите за пласман во следната фаза.
Вардарци вечерва нема да може да сметаат на Гаџа и на младиот Карапалевкси. Затоа во составот се враќа искусниот голман Борко Ристовски, и заедно со Томовски ќе го сочинуваат тандемот голмани. Во тимот е вклучен и Стефан Додиќ, новото засилување за Вардар кое ќе дебитира вечерва за „црвено-црните“ во ЛШ.
Дуелот Вардар – ППД Загреб се игра денеска во 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА