Ракометарите на Вардар убедливо го освоија Велес, победувајќи го Бисинов Фруит Ленд со 29-41. Речиси во целиот меч Вардарци беа во предност на гостувањето во Велес, на крај да слават убедлива победа.
По првиот дел фаворитот имаше само четири голови предност 17-21. Клучната предност ја стекнаа на стартот на вториот дел кога дојдоа до +7, и предноста само ја зголемуваа до крајот на натпреварт.
Пинто со седум гола беше најефикасен на средбата. Кај тимот од Велес со шест гола Илиев беше најдобар поединец.
Во вториот меч, Бутел беше поразен на домашен терен од Охрид со 28-33. Победата Охриѓани ја обезбедија во вториот дел, откако на полувремето беше нерешено 15-15.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

