Како што се приближува стартот на дуелот со Ангола, се поголем е и бројот на Македонци кои пристигнуваат во „Village Phenomenal”, како што домаќините ја крстија фан-зоната во салата во Мец. Со оглед на фактот дека почна да паѓа и снег, добра околност е што фан-зоната е во затворен простор, па ракометните фанови можат во опуштена атмосфера да се загреат пред предизвиците на нивните репрезентации. Воедно, поставени се и неколку игри за анимација на фановите, кои имаат можност да добијат и одредени награди.Наши фанови доаѓаат од различни делови на Македонија, но и од земји ширум Европа, сите со една желба, вечерва да се слави победа над Ангола, со која осминафиналето би било на дофат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА