„ЦСКА е трипати поорганизиран тим од Црвена звезда“

Кошаркарите на Црвена звезда доживеаја болен пораз во полуфиналето од Суперкупот на ВТБ лигата во „Белградска Арена“.

На шест дена пред почетокот на Евролигата и првиот дуел со Олимпија Милано, тимот на Јанис Сферопулос убедливо загуби од ЦСКА Москва.

Селекторот на руската репрезентација, Србинот Зоран Лукиќ, внимателно го следеше дуелот меѓу црвено-белите и ЦСКА.

„Видов дека ЦСКА изгледа како три скалила поорганизиран тим. Со Звезда е очигледно дека се во подготвителен период, има многу нови играчи, но ЦСКА одлично го прилагоди тимот и заслужено лесно победи“, изјави Лукиќ.

Се вчитува...