Кошаркарите на ЦСКА Москва одиграа одличен натпревар во 28. коло од Евролигата комплетно демолирајќи го Панатинаикос славејќи со 66-97 на гостувањето во Атина.
Русите од самиот почеток јасно ставија до знаење дека на југот од Европа се допатувани со единствена цел – триумф. Откако ја добија првата четвртина со десет поени разлика (22-32), понатака се беше рутина постојано зголемувајќи ја предноста која со доминантната последна четвртина беше доведена и до цели 31 поен разлика, за конечна победа од 66-97.
Најефикасен во победничкиот тим беше Хилард со 21 поен, а Мајк Џејмс постигна 18 поени. Кај Панатинаикос единствено двоцифрени беа Томас со 12 поени и Ник Калатес со 10 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА