Кошаркарите на ЦСКА Москва ја запишаа и единаесеттата победа во 16. коло од Евролигата, триумфирајќи на домашен терен во драматичен меч против Милано со 78-75.
Русите имаа негатива од седум поени на полувремето но со далеку поагресивна игра под кошевите во вториот дел стигнаа сосема заслужено до победа.
Најдобар во победничкиот тим беше Даниел Хакет со 28 поени, дополнети и со четири асистенции, а Мајк Џејмс мечот го заврши со 17 поени. Кај поразените се издвоија Родригез и Гудаитис со по 13 поени.
Анадолу Ефес, пак, убедливо со 99-79 триумфираше против Макаби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА