ЦСКА Москва ја продолжи агонијата на Фенербахче во Евролигата, откако на домашен терен го декласираше со 88-70.
Во израмнетото прво полувреме домаќините беа за нијанса подобар противник, а со тројката на Мајк Џејмс со звукот на сирената на пауза заминаа со предност од плус пет (39-34). Третата четвртина актуелниот европски шампион ја одигра фуриозно. Избраниците на Итудис погодуваа буквално од секоја позиција и на турскиот тим успеаја за десет минути да му дадат 25 поени, а по три периоди резултатот на семафорот изнесуваше 64-49. До крајот Русите само го пунеа кошот на гостинот од Турција за конечни 88-70.
Мајк Џејмс беше прво име во победничкиот табор кој успеа да постигне 31 поен. Одличен беше и Јанис Стрелникс кој мечот го заврши со 23 поени. Кај Фенербахче Слукас постигна 20, додека Вилијамс 19 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА