Кошаркарите на ЦСКА Москва го совладаа Химки на домашен терен со 98-95, и поведоа со 1-0 во четвртфиналната серија од Евролигата. „Армејците“ имаа лош старт на мечот и првиот период го загубија со 25-34. На полувреме гостите заминаа со осум поени предност (46-54). Но, избраниците на Итудис полека се вратија во ритам и со подобра игра во продолжението стигнаа до триумф. Но, останаа без Нандо де Коло, кој се повреди.
На неполни две минути пред крајот, Химки имаше три поени негатива (93-90) по тројката на Алексеј Швед, потоа имаше и уште еден обид за израмнување, но не успеа.
Серхио Родригез со 22 поени беше предводник во составот на ЦСКА Москва на овој меч, а Отело Хантер уфрли 18 поени. Алексеј Швед реализира 22 поени кај Химки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА