ЦСКА Москва и Емил Рајковиќ го прегазија Локомотив

ЦСКА Москва и Емил Рајковиќ по три одиграни натпревари во ВТБ лигата се наоѓаат на врвот на табелата откако славеа на гостувањето кај Локомотив со 64-84. Составот предводен од македонскиот стратег имаше само една четвртина имаше негатива по која ги превзема работите во свои раце и до крајот стигна до убедлива победа.

По 10. минути игра на семафорот стоеше резултат 22-14, но до крајот на првото полувреме ЦСКА Москва успеа да стигне до предност од 36-40. Добрата игра на „армејците“ продолжи и во третата четвртина за двоцифрено водство, а не запре до крајот на мечот.

Покрај македонскиот стратег, третото коло во ВТБ лигата го одбележа и македонскиот репрезентативец од редовите на Уникс Казањ, Ненад Димитријевиќ кој го предводеше својот тим до триумф против Нижни.

Се вчитува...