ЦСКА Москва ја посрамоти Барселона откако во дерби дуелот на 11. коло во Евролигата ја прегази нагости со неверојатни 67-96. Натпреварот почна израмнето. Двете екипи играа одлично особено во фазата на одбрана, а по 10 минути домаќините имаа минимална предност од 20-18. Втората четвртина се случи падот на „Каталонците“ кој го искористи актуелниот европски шампион и на полувреме замина со позитива од плус тринаесет 38-51. „Газењето“ продолжи и во третиот период, а по 30. минути предноста на гостите изнесуваше неверојатни плус дваесет и шест (50-76). Последниот период беше само рутински одигран, а Русите стигнаа до конечна победа од 67-96. Тимската игра беше клучна во победничкиот табор, каде шест кошаркари го завршија мечот со двоцифрен број постигнати поени. Најдобар беше Мајк Џејмс со 14 поени. Кај „каталонците“ Дејвис и Миротиќ постигнаа по 19 поени.
Олимпијакос изненадувачки лесно го совлада Милано со 91-70. Гостите беа подобри само во првата четвртина која успеаја да ја добијат со плус четири (15-19). Во вториот период домаќините заиграа подобро, а на полувреме заминаа со предност од 40-37. Клучна беше третата четвртина во која тимот од Грција постигна 31, а прими само 16 поени, а по три четвртини резултатот на семафорот изнесуваше 71-53. Мечот беше рутински приведен до самиот крај за конечен триумф од 91-70. Папаниколау со 17 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај гостите Серхио Родригез го заврши мечот со 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА