ЦСКА Москва ќе извиси, Аврамовиќ е пред трансфер во НБА

Алекса Аврамовиќ веќе си замина од Партизан и пред почетокот на ОИ во Париз потпиша двогодишен догово со ЦСКА Москва, но лесно може да се случи српскиот репрезентативец воопшто да не го облече дресот на рускиот кошаркарски гигант.

Последните информации од Србија говорат дека агентот Мишко Ражњатовиќ успеал во договорот со ЦСКА да вклучи клаузула за преселба во НБА веќе ова лето, нешто што се актуелизираше по одличните настапи на Аврамовиќ на Олимписките игри во Париз. Поранешниот играч на Партизан блескаше во дресот на Србија, беше избран и за најдобар дефанзивец на олимпискиот турнир, со што го привлече вниманието на неколку екипи од НБА-лигата.

Клаузулата на Аврамовиќ истекува на 20 август и се верува дека тој дефинитивно ќе се пресели во најсилната лига на светот. Аврамовиќ моментно има две понуди на маса, првата од Атланта хоукс, втората од ЛА Клиперс, но тој и неговиот агент ќе почекаат уште два дена дали ќе стигне нова официјална понуда, по што ќе биде донесена и конечна одлука за иднината.

Се вчитува...