Тренерот на Хапоел Тел Авив, Димитрис Итудис, зборуваше за модерната Евролига.
Димитрис Итудис во интервју за француски „SKWEEK“ изјави дека неговиот сон е да има 30 екипи во Евролигата.
Тој е актуелен тренер на Хапоел Тел Авив и претседател на Здружението на тренери во Евролигата, а со израелскиот тим следната година ќе игра во Евролигата како победник на Еврокупот.
Итудис ги спореди НБА и Евролигата и рече дека би сакал 30 екипи меѓу кои и ЦСКА Москва.
„Мојот сон е да стигнеме до лига со 30 екипи и сите да бидат конкурентни. Исто како во НБА. Руските клубови ќе се вратат во Евролигата, почнувајќи од ЦСКА Москва, која е акционер“, изјави Итудис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

